Животна партија на Шварцман

Од Бојан Божиловиќ

Последниот четвртфинален меч во Рим беше и највозбудливиот досега на турнирот,во кој Диего Шварцман успеа да го исфрли Рафа Надал со победа од 2-0 во сетови.Пред самиот почеток на мечот голем фаворит беше шпанецот,кој според моменталниот ранкинг и неговата историја на турнирите на земја се очекуваше да стигне до финале и да се бори за рекордна 10та титула на Мастерсот во Рим.
Сепак Шварцман влезе добро во мечот и уште од самиот почеток покажа добра и стабилна игра.По два добиени гема на свој сервис успеа во петтиот гем да го направи и првиот брејк во кој Надал не успеа да освои ни еден поен.До крајот на првиот сет аргентинецот не пропушти гем на свој сервис и со уште еден брејк успеа да дојде до 6-2.
Во вториот сет можеби многумина очекуваа Шварцман да игра многу полошо и Надал да дојде до израмнување,како што и често се случува во вакви дуели,но Диего беше константен и продолжи и понатаму со одличната игра.Надал иако ги одигра одлично претходните кола,не успеа да најде одговор на брилијантната игра на аргентинецот кој успеваше да ја стигне секоја топка,а притоа направи и многу малку грешки и во текот на целиот меч сервираше подобро од Рафа,кој го заврши мечот со 43% реализација на прв сервис.Вториот сет беше многу подраматичен и повозбудлив во кој видовме дури пет последователни брејка,од кои три беа дело на Шварцман кој успеа со 7-5 да дојде до најголемата победа во својата кариера.
To Top