Забранетaта реклама, повторно ја виде целиот свет

Оваа реклама требаше да биде предупредување до целиот свет,требаше да се емитува за време  на божиќните празници како дело еколошката кампања, но беше цензурирана. Сепак, таа го најде својот пат и допре до милиони луѓе.

Во анимираниот спот,  мал орангутан влегува во собата на девојката, а неа не ѝ е јасно зошто е тој таму, ги допира нејзините работи, таа е вознемирена од моменталниот хаос. Се обидува да го исфрли надвор од собата, но потоа се соочува со сурова вистина …

Приказната за девојката и мајмунчето треба да ја подигне свеста за животната средина, за да се привлече внимание на уништување на природните живеалишта на орангутамите, како и сите други живи суштества, но, исто така, да ги охрабри луѓето да се обидат  да ја поправат ситуацијата, се додека не е предоцна. Не е јасно зошто оваа реклама е забранета да се прикажува, веројатно затоа што вистината боли, пишува аворот.

Судбината на орангутаните  е несигурна, благодарение на алчноста на луѓето.  Орангутаните  живеат во тропските дождовни шуми, а денес се жители само на Борнео и Суматра, според податоците  на Здружението за заштита на орангутаните во Борнео, во последните 30 години бројот  на орангутаните се намалил за 50%. Експертите веруваат дека за 10 години орангутаните може да исчезнат  целосно од лицето на Земјата.

Борнео станува центар за производство на палмино масло, па им се  уништуваат природните живеалишта, а  индустрискиот отпад ја загадува водата. Со прекумерното сечење на  тропските стебла  исчезнуваат дождовни шуми. Тука уништувањето не застанува, ако дрвјата не се сечат, тогаш шумите намерно се палат, за да се направи место за плантажи, со цел да се задоволат потребите на пазарот од памино масло.

To Top