За нас

Драмското студио  ART & MEDIA ,   работи според  мултиталент програма, која им овозможува на децата, да совладаат одредени  техники и да се стекнат со  вештини за сценска и медиумска работа.

Започнавме со Летен уметнички Камп, со намера на децата да им понудиме повеќе летни содржини. Набрзо, постоењето на летниот камп, се потврди како одлична идеа, бидејќи децата имаат потреба од вакви и слични организирани активности. Летниот Уметнички Камп со кратки интензивни часови се реорганизира во Драмско Студио со прилагодена програма во текот на целата учебна година.Оваа група талентирани деца ја следат програмата на Драмското Студио веќе трета година по ред.

За време на Летниот Уметнички Камп, започнавме со продукција на детската серија Долго Топло Лето, во 8 епизоди

ПРЕДНОСТИ  од следење на мултиталент програмата на  Драмското Студио:

  • креативно  размислување,
  • поголема самодоверба, 
  • сигурен настап  во јавност,
  • тимска работа,
  • силна меморија,
  • негување на љубопитноста,
  • работа во мотивирачка атмосфера,
  • подобрување на концентрацијата,
  • фокус на задачата и 
  • единствено  телевизиско искуство.

To Top