„Земја во која не се стигнува“ – македонски мјузикл за деца

Во Театарот за деца и младинци  во  премиерно беше изигран  македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева. Музиката за деца е компонирана од Александар Џамбазов, музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Петнаесетина деца пејат, танцуваат и глумат, а во „Земја во која не се стигнува“ играат и тројца професионални актери, Драган Спасов Дац како гостин актер од Маккедонскиот народен театар, и Катарина Илиевска

Силјановска и Мартин Јордановски од Театар за деца и младинци.

Во детскиот мјузикл играат и децата: Јован Петровски, Лука Златков, Петар Златков,  Михаил Николовски, Александар Грчев, Јован Дукмеџиев, Ена Исмаили, Ема Ќулавкова, Марија Јанчевска, Мања Митевска, Луна Бејков,  Јелопи Седеу Нишевиќ, Лара Трпческа, Лена Катја Илиевска, Ирина Давидовска, Неда Димкова и Ангела Алексовска.

To Top