Зошто децата сакаат да слушаат постојано истата приказна дури и по стотици пати

Иако родителите за своите деца се спремни со стотина песнички, имаат веќе купено над десетици сликовници, знаат најразлични приказни… Дацатаа одбираат само идна омилена песничка, една омилена сликовница и една омилена приказна и цело време сакаат да им се повторува истото…Еве зошто е така?

Секое дете учи на начин да го повторува она што го гледа. Колку се мали, децата преферираат повторувачки акции, поради нивната потреба да научат нешто што подобро. Иако вам  се чини како здодевна акција, повторувањето на децата им помага во својот мозок да ги запамтат зборовите, да ги врзуваат во реченици и да ги поврзуваат со нивното значење.

За нив,  комплексната информација, па со повеќе повторувања, им станува појасна и посфатлива. Токму поради тоа, децата често имаат омилена приказна, песничка или сликовница, а тие околу нив полудуваат поради постојаното повторување. Сепак, нема простор за лутење и убедување во нешто друго, бидејќи тоа им е единствен начин полесно да запомнат поголема количина информации.

Но за денешните родители е многу полесно сето ова, дечињата си одбираат омилена емисија, со повторно притиснување play можат да ја гледаат и по стотици пати, нема потреба стотици пати да раскажувате иста приказна.

To Top