Зошто е корисно играњето на компјутерски игри

Според анализата објавена во Pew Internet & American Life Project, играњето на компјутерски игри може да има позитивен социјален, интелектуален и етички ефект. Позитивните податоци од ова истражување, во кои беа опфатени 1.200 деца на возраст од 12 до 17 години, покажаа дека игрите ја подобруваат моториката, меморијата, концентрацијата, мулти-функционалноста, носењето одлуки и брза реакција.

Истражувањата покажаа дека гејмерите имаат подобрена чувствителност за визуелен контраст. Да земеме во предвид   дека постојат и едукативни компјутерски игри, специјализирани за одредени возрасти во рамките на наставните програми.

И покрај тоа што играњето на компијутерските игри е корисно, сепак тоа треба да се прави во граница на нормалата и да не се запоставуваат секојдневните обврски.

To Top