ИМАШ НЕСРЕДЕН  ДОМ? ШТО ЗНАЧИ ТОА?

Подолго време не доаѓа никој дома, а ти имаш чувство на срам и непријатно ти е ако воопшто некој заѕвони на врата?!

Облека  во корпа пред врата, играчки и влажи марамчиња насекаде во дневната соба, од ЛЕГО коцките не се забележува ни тепихот, а ..Внимавај!….лошо е ако згазнеш некоја од нив!!!!(боли , нели?)

Колку и да се обидуваш да направиш ред,  со две мали  деца дома, па ако имаш и домашен миленик, сите имаат потреба од твое внимание. Ти си секоја вечер во стресна состојба и со нетрпение чекаш да легнат да спијат, но тоа е така до следното утро.  Ако ја погодивме твојата моментална состојба, тогаш добредојде во клубот!!!

Но, застанете! Не е потребно ни да се извинувате за нередот дома,ни постојано да се обидувате да ставите се на свое место. Едноставно , поминувајте повеќе време со членовите во семејството и „правете“ семејни спомени , нешта на кои ќе се сеќавате низ фотографиите, видеата од семејниот архив.

Еве што значи несредена куќа

1.несредена куќа значи среќни деца. Тие си играат и ја развиваат нивните  имагинативни вештини. Истражуваат и се забавуват

2.Се живее слободно и среќно, ако садови има насекаде, значи тој ден се јадело , а ако има облека, тоа значи дека некој имал што да облече. Тоа е вистински дом

3. Семејна атмосфера. Тоа е место без простор за стрес, притисоци и слободна зона од осудување и оценување.

4. време поминато со своите членови од семејството, а не време посветено само на чистење, сортирање облека и пеглање.

ЗОШТО НЕСРЕДЕНАТА КУЌА Е СОСЕМА ОК?

Неодамна психолози потврдија дека несреден дом е знак за креативни интелигентни членови во семејството

Еве некои теории за ова тврдење:

  1. Интелигентните луѓе не се замараат со мислењето на другите луѓе за нив….или за нивната куќа
  2. Длабокото размислување и креативниот ум заземаат многу простор во “мозокот”, за да се дојде до  комплексни идеи, па затоа  немаат простор за други банални практики.

Кога Алберт Ајнштај  дојде до теоријата на релативноста, него не му беше важно дали садовите се измиени или облеката испеглана.

Со други збориви, сосема е нормално ако вашиот дом е во неред. Не се грижете , поминувајте го времето со вашите деца и останатите членови од семејството, креирајќи спомени.

 

To Top