Исак Њутн

Од Бојан Божиловиќ

Исак Њутн беше англиски физичар, математичар, астроном, алхемичар и филозоф на природа.Роден е на 4ти Јануари 1643 ( на 25 Декември,според  Јулијанскиот календар, кој тогаш се користел во Англија) во Линколншир. Исак Њутн денес се смета за еден од најголемите умови во историјата на науката.

Исак Њутн е роден во Вулстроп покрај Колстерворт, Линколншир, Англија. Роден е во фамилија на фармери, кои поседувале земјиште и стока и биле прилично богати. Неговото родно место било околу 11 километри од Грантам, каде што подоцна ќе се школува.Тој бил предвремено роден, неговата мајка, Хана Ејскоу, рекла дека кога се родил бил толку мал што би го собрало во кригла за пиво. Неговиот татко, кој го носел истото име, Исак Њутн, починал 3 месеци пред раѓањето на неговиот син, во време кога во Англија сеуште траела граѓанската војна.Кога Њутн имал 3 години, неговата мајка се венчала повторно и заминала да живее со својот нов маж а Њутн го оставила со неговата баба, Марџери Ејскоу. Њутн не го сакал неговиот очув а имал одбивност и кон својата мајка бидејќи се венчала за него.Во периодот од 12 па до 17 годишна возраст Њутн се школувал во Кралското училиште во Грантам, каде што во тоа време се учело латински и грчки, а највероватно имало и знчителна основа од математика.Бил изваден од училиште и се вратил во своето родно место во Октомври 1659. Неговата мајка, која станала вдовица по втор пат и која имала 3 деца од вториот брак, се обидела да го направи фармер, но тој воопшто не го сакал тоа. Управникот во Кралското училиште, Хенри Стоукс, ја убедил мајката на Њутн да го врати во училиште. Исак се враќа во училиште и постигнува извонреден успех.Во Јуни 1661, Исак Њутн е примен на Тринити колеџот во Кембриџ, на препорака на неговиот вујко Вилијам Ејскоу кој имал учено таму.Њутн на почетокот немал стипендија но примал помош како што е, бесплатни оброци и сл. но за возврат обавувал други активности односно работел како слуга, се додека не ја добил својата стипендија во 1664. Во тоа време на колеџот учењата воглавно биле базирани на оние на Аристотел, но Њутн сакал да чита и модерни филозофи како Декарт, астрономи како Галилео Галилеј, Томас Стрит и Коперник.  Во 1665, тој ја открил биномната теорема и почнал да развива математичка теорија која подоцна стана диференцијална анализа. Набрзо откако дипломира, во 1665, Универзитетот се затворил привремено како мерка за чумата која во тоа време ја зафати Англија.По затворањето на Универзитетот, Њутн се враќа во својата родна куќа, каде што напорно работи и во овие 2 години на негова работа се развиени неговите теории за диференцијална анализа,оптика и законот на гравитацијата.

Њутн и Лајбниц (германски научник) ја открија диференцијалната анализа,работејќи независно еден од друг. Иако Њутн го разработил својот метод неколку години пред  Лајбниц, тој немал скоро ништо објавено се до 1693, а потполен увид пружил дури во 1704. Околу ова почнала расправија помеѓу двајцата научници која траеше се до смртта на германскиот научник во 1716. Оваа расправија направи успорување на напредокот на математиката во Британија.

Во 1687 Исак Њутн го издава своето дело, во три тома, Математички начела на природната филозофија.Ова дело ја опишува универзалната гравитација и трите закони на движење, ова дело постави основа на класичната (Њутнова) механика и послужи како пример за настанување и развивање на други модерни физички теории.Њутн е првиот кој покажа дека движењето на телата на Земјата и движењето на небеските тела, се подлежни на исти физички закони. Во полето на оптиката, тој е првиот кој направи телескоп – рефлектор и откри дека со пропуштање бела светлина низ стаклена призма, таа се разложува во сите видливи бои.

Позната е приказната дека јаболко кое паднало од дрво го инспирирало Њутн да ја формулира својата теорија за гравитацијата, додека илустраторите и карикатуристите отишле уште понатаму велејќи дека јаболкото му паднало врз глава.Џон Кондуит кој бил помошник на Њутн во една книга каде што пишува за животот на Њутн, за оваа случка вели дека додека Њутн бил во куќата на својата мајка, шетајќи низ бавчата му дошла идеа дека силата на гравитацијата не е ограничена на некоја одредена оддалеченост од Земјата туку таа допира многу подалеку од што мислиме.Њутн претпоставил дека за движењето на планетите по нивните орбити како и за други орбитални движења е одговорна иста сила и затоа ја нарекол “универзална гравитација”.Писателот Вилијам Стакли, кој бил од времето на Њутн, во негова книга “Сеќавања од животот на Сер Исак Њутн” споменува разговор со Њутн каде што научникот се подсеќа дека представа за гравитацијата му дошла во мисла при пад на едно јаболко од дрво, тогаш Њутн се запрашал, зошто е тоа така да јаболкото паѓа секогаш вертикално на земја, зошто не оди настрана или нагоре туку секогаш паѓа према центарот на Земјата.На сличен начин и Волтер пишува во едно свое дело каде што вели дека Њутн почнал да размислува за гравитацијата откако одејќи низ бавча видел како едно јаболко паѓа од дрво.

Во подоцните години од животот Њутн се насочил на други активности и теми.Во 1696 станува претседател на Кралската ковачница на пари.Повеќе поради неговата работа во ковачницата отколку за неговите достигнувања во науката, Њутн во 1705 од Кралицата Ана ја доби титулата витез (Сер), а две години пред тоа односно во 1703 станува претседател на Кралското општество и член на Француската Академија на науки.Исак Њутн почина на 31 Март 1727 на 84 годишна возраст.По неговата смрт во неговото тело е најдена голема количина на жива што е највероватно поради неговите истражувања во алхемијата.

To Top