Италија е нов светски шампион во ватерполо

Од Бојан Божиловиќ

Репрезентацијата на Италија е новиот светски шампион во ватерполо,по денешната победа над Шпанија со 10-5.

Италијанците имаа предност речиси во целиот натпревар,освен во првиот период кој заврши со резултат 2-2.Иако по првата четвртина можеби се мислеше дека ова ќе биде изедначен и неизвесен меч до самиот крај,репрезентацијата на Италија втората четвртина ја доби со 3-1,а во третата само го зголемија водството со што дојдоа на големи 8-4 пред последниот период.Последната четвртина не донесе никакво изненадување и и припадна на Италија (2-1) која стигна до победата и златниот медал.

Пред денешното финале се играше мечот за трето место,во кој се судрија Хрватска и Унгарија,финалистите од 2017.Како и пред две години повторно подобра беше Хрватска со победа од 10-7.За разлика од финалето,мечот за трето место беше многу понеизвесен и изедначен па така после три четвртини резултатот беше 6-5.Сепак во последната четвртина Хрватите беа подобри и ја направија конечната разлика со што четврт пат во својата историја дојдоа до светската бронза.

За Италија ова е рекорден четврти златен медал на Светско Првенство бидејќи стана репрезентација со најмногу светски титули, претекнувајќи ја Унгарија која има три.

To Top