Кен Спиарс почина на 82 годишна возраст

Од Бојан Божиловиќ

Кен Спиарс беше писател и продуцент,а најмногуи познат како еден од креаторите на легендарниот цртан филм “Scooby Doo” кој беше создаден кон крајот на 60тите години од Џо Руби и Кен Спиарс и се емитува на ТВ каналите до ден денес.
Цртаниот во кој четири тинејџери заедно со Скуби откриваат различни мистерии е еден од најпопуларните цртани филмови досега кој првично беше прикажуван на CBS,а потоа и на други канали како ABC, Cartoon Network и Boomerang.Америчкиот магазин TV Guide го рангираше на петто место како најдобар цртан филм на сите времиња.
To Top