Кино салите нема да бидат безбедни одреден период и по излегувањето на вакцина

Од Бојан Божиловиќ

Филмската индустрија оваа година претрпе голем удар и загубата сеуште продолжува,откако многу филмови мораа да бидат стопирани во текот на снимањето,а блокбастери беа поместени за наредните година две или на неодреден период поради пандемијата.Како резултат на тоа и кино салите претрпеа голема штета откако мораа да бидат затворени на неколку месеци,иако и после продолжувањето мал е бројот на луѓе кој оди во кино,додека во некои држави сеуште немаат почнато со проекции.
Како почна ширењето на вирусот имаше и најразлични прогнози за тоа како може да се одвива ситуацијата,сепак во овој момент според многумина излегувањето на вакцина ќе биде начинот на кој ќе се заврши оваа пандемија.Без разлика на кој начин оваа ситуација ќе биде надмината,како што пишува ScreenRant индустријата на прикажување филмови ќе остане променета засекогаш.Во контекст на ова и изјавата на директорот на Националниот Институт за заразни болести на САД, Ентони Фаучи,кој пред неколку дена кажа дека ќе биде потребна најмалку една година по излегувањето на вакцина за новиот вирус,за одењето во кино да биде безбедно.
Иако засега никој неможе со сигурност да каже како ќе се одвива ситуацијата понатаму и на кој начин пандемијата ќе заврши,сигурно е дека остави големи последици во филмскиот свет но и надвор од него.

 

To Top