Колку се телефоните попаменти, толку се луѓето поглупави

Што прави модерната технологија  со нашиот мозок? Зошто, кога имаме паметен телефон во близина, како да стануваме поглупави?

Паметните телефони ја намалуваат менталната способност. Научниците тврдат дека сме потполно неспособни да го забележиме степенот на влијание на паметните телефони врз нашиот ум, нашата способност да мислиме и носиме одлуки, а тоа и го докажале!!!

Паметните телефони влијаат на когнитивните функции

Направен е експеримент под името „Перење на мозокот: самото присуство на паметни телефони ги намалува когнитивните способности“.

 

Во самиот експеримент биле вклучени 1500 студенти и нивна задача  била да решат  повеќе когнитивни тестови. Генерално, не било важно дали ќе одговорат точно, научниците ги следеле каде им се мобилните телефони. Имено, студентите биле поделени на три групи и ги решавале тестовите во три различни услови за работа.

првата група ги оставиле телефонит во друга соба, втората група ги оставиле телефоните во џеб или торба, а третата група смееле да ги остават на маса, но  со екранот на долу. Ниту една група не смеела да ги употребува паметните телефони.

Како тоа паметните телефони прават глупави зависници од нас

Истражувачите ја следеле „количината на меморија“ кај сите три групи, т.е. количината на информација на која сме подготвени да се фокусираме. Најголема меморија имала првата група, која воопшто немала пристап до паметните телефони. Резултатот кај втората група бил добар, а најлош резултат покажале од третата група

Констатацијата од истражувањето е следната: Колку поблиску имаме до нас паметен телефон, стануваме поглупави, затоа што нашите очекувања од овие уреди се големи, немаме потреба ние сами да си го „оптоваруваме мозокот“. Сите ние сме потполно зависни од нив на психолошко ниво, а за тоа не сме ни свесни

На крај малку и во шега, научниците додаваат дека ниту еден зависник нема да си признае дека има проблем. Нивниот предлог е – да се употребуваат паметните телефони, но да се употребуваат мудро, паметно и умерено!

 

To Top