Компјутерски игри

Војни, акција, насилство, борби, пукање ваква тематика ги окупира денешните деца, но и возрсните гејмерии ги вовлекува во еден нов виртуелен живот на возбуда и победи. моментално и најпопуларна „League of Legends“ – LOL, „Warcraft“. Граница помеѓу зависност I igra e mnogu mal. Денес 2-3 часа, а потоа 5-6 часа дневно.

Ако вашето дете премногу време поминува во играње игри на компјутер едно неодамнешно истражување покажало дека треба да бидете загрижени.
Имено децата за кои се смета дека се „опседнати“ со видео игри можат
да станат зависни од нив. Меѓународен тим на истражувачи испитувале околу 3000 ученици од основни и средни училишта во текот на две години и утврдиле дека најголеми проблеми имаат оние кои најповеќе време играле игри на компјутер. Оваа е прва студија која покажува дека децата кои влегле во патолошко играње им се зголемува нивото на депресивност, нервоза и социјална фобија.Кога престанале да играат овие симптоми се намалиле.
Истражувачите во студијата ги нарекле патолошки играчи оние деца кои се зависни од игри.
Таа група играла видео игри околу 31 сат неделно во споредба со нивните врсници кои играле 19 часа неделно.Кога две групи биле спорединеи студијата покажала дека првата група деца биле поимпулсивни и имале послаба комуникација со врсниците бидејќи трошеле време на видео игри. Логично е дека детето кое е депресивно и нервозно ќе сака повеќе да игра игри бидејќи тој свет е безбеден и таму каде ќе се ослободува од депресијата и нервозата. Но, истражувањето покажало дека одвикнувањето од игрите ги намалува и симптомите. Времето мора да биде ограничено!

Играње на компјутерски игри станаа популарен начин на поминување на слободното време за децата, тинејџерите и возрасни (гејмери).
Сега веќе и играњето на компјутерски игри се смета за важен дел од развојот на децата и тинејџерите. Зарди тоа важно е колку време детето поминува зад компјутерот во секојдневниот и неделниот ритам.
Нема поедноставен рецепт кога воспитувањето на детето е во прашање па така и колку поминува на компјутер.
Мора да се земе во предвид дека што е помало детето толку е поголема одговорноста на родителот за поставување на граници колку детето ќе поминува на компјутер. Родителите претставуваат модели на однесување н своето дете и важно е да разберат дека децата го копираат нивното однесување.

Да се зголеми контролата кај помалите деца

Ако ние како родители возрасни поминуваме многу од слободното време на компјутер тогаш тешко можеме да очекуваме дека детето ке ги почитува временските рамки.
– Децата од педашколска и школска возраст. Родителите треба да се организираат и заедно со своите деца да седат на компјутер. На тој начин родителите го контролираат содржините на кои им пристапуваат децата и со самото тоа им даваат модел на однесување.
-како што децата растат важно е да им се препушта одговорноста за времето поминати на компјутер.
-Заради тоа децата од завршните класови веќе треба да имаат изградено чувство колку време ќе поминуваат во играње на игри.
Спрема некои истражувања се смета дек ако децата поминуваат повеќе нод 5 часа дневно на компијутертие се во голема мерка во опасност да развијат или веќе развиле зависност.

Играње на компјутерски игри може да им помогне н децата да развијат вештини кои им се потребни понатаму во животот. Играњето на компјутерски игри ги подобрува:
-околу моторните вештини
-спацијалните способности
– ја развиваат фантазијата

Позитивно влијаат на :
-визуелизацијата на различни облици
– подобрување на резултатите по математика посебно во област на геометријата.

Покрај позитивни аспекти на компијутерските игри постојат и негативни
Имено играњето на игрите е доведено во врска со опсесивно и зависничко однесување со некои симптоматични однесување на:
-насилство
-промени во личноста
– емоционална затупеност
– хиперактивност
-проблеми со учењето и успехот на училиште
Важно е да се истакне и увиди дали играњето на компјутер има лошо влијание врз учењето и успехот или оние учебници кои имаат проблеми со учење се посклони да поминуваат повеќе време на компјутер. На тој начин ги компензираат недостатоците од реалниот живот со успех во виртуелниот свет на игрите.

Предолгото седење на компјутер влијae на спиењето и сонот кои се пореметуваат,пореметување на концентрацијата,и појава на депресивност. Што се помали децата тогаш игрите се повеќе делуваат на психата на детето и неможе да се разликува реалноста од виртуелниот свет.
.Така игрите „момо“ и „бабичка“ имаат негативно влијание со зголемен страв, фобија од истите хорор ликови во играта онлајн лесно достапна за децата. заради тоа кај некои деца се јавија на симптоми на генерализиран страв, вознемиреност. неспособност да направат разлика помеѓу реалност и виртуелниот свет.

Автор:

Психолог Жанета Ристевска

To Top