Конкурс за бесплатно образование во Русија во 2019/2020

Ако сте сонувале да бидете ученик или студент во Русија, а ова година завршувате со основното образование или пак сте матурант, тогаш вашиот сон може да стане реалност. Амбасадата на Русија во Македонија соопшти дека е отворен Конкурс за бесплатно образование во државната квота на најдобрите високообразовни и средни стручни образовни установи на Руската Федерација.

За државјани на Република Македонија во 2019/2020 учебната година доделени се 40 бесплатни места.Бесплатно ќе биде само школување и виза за влез во Русија. Останатите трошоци (патување, сместување, оброци, патничко/здравствено осигурување, трошоци за живот итн.) ги плаќаат самите граѓани.

– За да учествувате во натпреварот, мора да се регистрирате на порталот https://russia.study/, целосно да го пополните прашалникот и да ги поставите сите потребни документи (оригиналите на македонски јазик и нивниот официјално заверен превод на руски јазик). Целосното досие треба да биде готово до 1 февруари 2019 година. наведува Амбасадата.

Оние кандидати кои целосно го пополниле прашалникот, ги обезбедиле сите потребни документи со превод на руски ќе добијат покана за интервју. Тоа ќе биде спроведено од комисија формирана од соработници на претставништвото на Россотрудничество и Амбасадата на Русија во Македонија. За некои насоки (главно креативни) кандидатите дополнително ќе имаат влезни тестови во Русија. Информациите за ова се обезбедуваат при изборот на универзитетите.

To Top