Косата на 7 годишното момче ја менува модната индустрија

Фарук Џејмс е 7-годишно момче од Лондон. Тој е познат по неговата долга кадрава коса, што го направи ѕвездата на Instagram и дури го натера да оди на пистата на Лондонската модна недела.

“Прошетка од 15 минути би се претворила во еден час, бидејќи луѓето нè застануваа, испитуваа, му делеа комплименти и сакаа да се фотографираат со него”, рече неговата мајка Бони.

Таа истакна дека му отвориле профил на социјалните мрежи, бидејќи сакале да покажат дека е во ред и момчињата да имаат долга кадрава коса.

To Top