Кристијан Бејл во нов филм на Марвел

Од Бојан Божиловиќ

Актерот кој е познат по своите улоги во филмовите на DC,односно фантастичната трилогија на Кристофер Нолан во која ја имаше главната улога,играјќи го Брус Вејн/Бетмен,сега ќе биде дел од новиот филм на Марвел Thor: Love and Thunder.
Во новиот проект Бејл ќе го видиме во поразлично издание како негативец во улогата на Gorr the God Butcher.Станува збор за лик од стриповите на Марвел,а ова ќе биде негово прво појавување во филм. Генерално во своите најдобри улоги Бејл бил на добрата страна па сега ќе биде интересно да се види неговиот перформанс како негативец во филм базиран на стрипови.
Thor: Love and Thunder доаѓа како продолжение на Thor: Ragnarok и ќе биде четврт филм во сагата за Thor.Во главните улоги се Крис Хемсворт, Кристијан Бејл и Натали Портман.Новиот проект на Таика Ваитити треба да ја има својата премиера во првата половина на 2022.
To Top