Кучиња бездомници го чекаат нивниот пријател бездомник пред вратата на болницата

Kучињата се најдобрите пријатели на човекот и  тие никогаш не ги забораваат своите сопственици. Тие се извор на безуслобна љубов и посветеност, доказ за тоа е вистинската приказна за бездомникот и неговите кучиња. Имено, додека мажот по име Цезар, бил лекуван во болницата, пред вратата на болницата со денови го чекале ноговите кучиња.

Случката ја раскажала на Facebook една од медицинските сестри во за да покаже дека некои личности се сиромашни со пари, но се богати со пријатели. Сестрата Крис Мамприм споделила дека Цезар одлично се грижел за кучињата и дека се случувало тој да гладува за да ги нахрани нив.

,,Во болницата каде што работам, во 3 часот наутро, додека се лекуваше нивниот сопственик (кој живее на улица), неговите пријатели чекаа на вратата. Една обична личност, која не живее во луксуз, која зависи од туѓата помош за да се избори со гладот, студот, болката и злото на светот, покрај себе ја има најдобрата дружина на светот. И приврзаноста е заемна. Размена на љубов, наклонетост, топлина и разбирање. Овој човек ни призна дека понекогаш гладува за да ги нахрани нив. Не знам каков е неговиот живот, ниту пак зошто е на улица, но им се восхитувам на почитта и љубовта која ја има за неговите мали животни. Кога сите би биле вакви… Ако немаше зло и малтретирање”…  објасни медицинаската сесра

To Top