Лејкерс со победа во Атланта

Од Бојан Божиловиќ

Тимот на ЛА Лејкерс со 107-99 ги порази Хокс во мечот кој се одигра рано утрово во Стејт Фарм Арена.
“Езерџиите” беа подобри во сите четвртини освен во третата,која домаќинот ја доби со 30-25 и после која Атланта беше во предност во вкупниот резултат со 76-75.Сепак во последниот период Лејкерс усепа да ја подигне својата форма и на крај да заврши со 8 поени разлика во една тешка победа.
Кај домаќинот најуспешен беше Јанг со дабл-дабл од 25 поени и 16 асистенции,додека над 20 поени имаше уште и Колинс,кој го заврши мечот со 22 поени.Кај гостинскиот тим очекувано Дејвис беше предводник со 25 поени 2 скока и 2 асистенции,а Џејмс додаде 21 поен заедно со 9 асистенции.

Фото: Reuters

To Top