„ЛИТЕРА 2019“ , МЕСТО КАДЕ ИМАГИНАЦИЈАТА СТАНУВА РЕАЛНОСТА

Првиот  Меѓународен фестивал за литература за деца и илустрација „Литера 2019“ кој го најавивме непосредно пред одржувањето,  според организаторите беше потребен за  да се негува  вистинската вредност  за книгата, илустрацијата и пишаниот збор помеѓу децата.

Фестивалот е  повеќе од класичен „саем на книга“, затоа што  омилените ликови од детските сликовници, дел од најдобрите илустратори и писатели за деца од Македонија и регионот, беа на едно место, на радоста на посетителите.

Според организаторите – „во  време кога мобилните телефони и таблетите ги заменија книгите во детските раце, дефинитивно  беше  потребен еден ваков настан, со идеја да се поттикне и  дебата за значењето на литературата и илустрацијата во правилниот креативен и интелектуален развој на нашите деца.  Фестивалската програма понуди шаренило од интересни и корисни содржини  за децата и  за возрасните. Креативните  работилници за деца, беа под  менторство на  авторите и илустраторите Билјана Црвенковска, Елизабета Баковска, Маја Веселиновиќ, Ана Кадоиќ и Катерина Тери Николовска.

Нешто по што ќе се памети „Литера 2019“, настан кој предизвика носталгија помеѓу возрасните беше  ретроспективната изложба на македонската илустрација до 1990 година. Ретка можност на едно место да се погледне дел од културното наследство односно илустрации  од списанијата „Росица“, „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“, како и голем број учебници и лектири од периодот пред 90-те години. Третата изложба беа графички дела изработени од деца, од Богданци.

Како спонзор и пријател  на децата, Cunga Lunga се претстави во неколку категории; изложба, работилница за цртање и панел дискусија.

На Cunga Lunga ретроспективната изложба со илустрации, се отслика развојот на брендот, а со тоа и вкусот на генерациите кои пораснале со истиот.

За децата испирирани од илустрациите, под менторство на македонската илустраторка Катерина Тери Николовска се одржа CUNGA LUNGA работилница за илустрација, каде што децата можеа да си нацртаат свои CUNGA LUNGA суперхерои.

На изложбата посетителите ќе можат да видат 20 оригинални сликички од словенскиот Волт Дизни – Мики Мустер, како и илустрации и стрипови од Тхе Мичо и Верица Пиперевска.

Детали за програмата на „Литера 2019“ на официјалната веб страна на фестивалот www.literafestival.com.

To Top