detski parfemi

МАЛИТЕ АКТЕРЧИЊА ВО КОМЕРЦИЈАЛЕН СПОТ НА ДЕТСКИТЕ ПАРФЕМИ EXTREME

Децата  таленти од малата група на  Драмското  Студио  АРТ  и Медиа,  снимаа спот за детските парфеми на EXTREME

Oва нe e нивно прво  искуство, пред објективот на камерата. Според  мултиталент програмата по која учат во драмското студио, стекнуваат искуство и совладуваат вештини за сценски и медиумски активности.

Се однесуваа како вистински професионалци, трпеливо чекаа , секој од нив да го снима  својот дел. Единствен проблем настана кога требаше  секое од децата да одлучи кој парфем да го избере за снимање.  Студиото за миг се претвори во миризлива кутија од тестирање, распрскување на сите 12  парфеми од палетата на EXTREME.

Парфемската  линија  за деца,  EXTREME   нуди 12 различни мирисни ноти, 6 за девојчиња и 6  за момчиња, од кои 3 за помали деца.  Секој одделно остава  поинаков мирисен печат од овошни, слатки, со мирис на бомбони и пудрести , спакувани во неодоливо  слатки пакувања. Одличен избор  за подарок за секое дете!

EXTREME  е домашен сериозен производител на парфеми, наш  Бренд. Парфемите не се алергени,содржат вода,не ја изложуваат  детската кожа на алокохол( не содржат алкохол), не оставаат флеки (нормално треба да се прска од подалеку)  и безбедни се  за користење од страна на децата.

Купувањето  на мирис  за  децата  е дел од личната хигиена и култура на живеење  во Европа, особено во Франција, тоа е нивни секојдневен ритуал.

Значи, зошто да не ги разбудиме  малечките  мирисни сетила со некои  од детските парфеми  EXTREME?

To Top