МАЛИТЕ ГОТВАЧИ во борба против фрлање на храна. Секој залак е важен

„Готвиме со Децата“ и малите готвачи дадоа мал придонес  во  борбата против гладот и фрлањето на храната. Беа дел од организаторскиот тим на истоимениот  настан, кој беше претпоследна активност  на проект ВСС Ефект на БАНКА ЗА ХРАНА МК .

Луѓето кои ти  даваат храна, ти го даваат и нивното срце

 

Проектот “ВСС Ефект“ поддржан од Европската Унија има за цел ублажување на сиромаштијата со храна, преку зајакнување на капацитетите на партнерските организации на Банката за храна  и Коалицијата против гладот и фрлањето храна; Сите активности им се во насока на поттикнување на законска регулатива која ќе го превенира и редуцира фрлањето на храна  и подигнување на јавната свест на истата тема. 

За проектот низ бројки – повеќе од 3 години активно на терен, вмрежувања, посети, дебати, споделување храна и хигиенски средства за над 1620 фамилии во целата држава.

Со одржувањето на настанот, бројката се  зголеми со над 💯 (топли)+💯 (ладни) оброци , подготвени од малите готвачи  и нивните родители, кои со директното вклучување во активностите, со личен пример ги воспитуваат своите деца.

Свежите оброци  се дистрибуира до 30тина фамилии од Битола.

ХРАНАТА ја има единствената универзална моќ , ги спојува луѓето.

СН бар и ресторан, во чија кујна малите готвачи се чувствуваат како дома, се покажаа како одлични домаќини. Голема благодарност до менаџерката Благица Сековска, за беспрекорната координација со колегите од СН Сообраќаен Центар#SNGROUP .

Таа вели:„Среќа е кога ќе ја разбудиш хуманоста во себе, а децата се вистински пример за тоа.“

На нејзина иницијатива, а на радост на децата, настанот го збогатија со дополнителни содржини, забавна зона, креативни активности,  донации од фирми соработници: АгроЛеска (носат свежина и бои на вашата трпеза), АЛПИ Млеко (изворот на вашиот живот), Жито Битола,  АВТ Интернационал (средства за лична хигиена), Пекара Векна

ТАЈНАТА НА СРЕЌАТА Е ДОБРА ХРАНА И ДОБРИ ПРИЈАТЕЛИ

Мисијата е успешно завршена, свежо подготвената храна, внимателно спакувана, веднаш се дистрибуира. Од семејната емисија  ГОТВИМЕ со ДЕЦАТА велат:„ Денес не направивме многу за решавање на проблемот со глад, со кој се сретнуваат многу луѓе секојдневно, но им дадовме добар пример на нашите деца дека храната не треба да се фрла; Во светот има многу гладни деца и секој наш обид некому да го намалиме гладот  е благороден, хуман чин; Тоа треба да ја поттикне емпатијата, солидарноста, чувство за тимска работа и покрај  се, тие се  дружат и стекнуваат вештини во кујна“.

Најдобро се учи низ забава и игра!

Емисијата ГОТВИМЕ СО ДЕЦАТА ❤ се дружевме и  забавувавме

To Top