Марија Спасовска не претстави на „Детска Евровизија 2018“

Детска Евровизија е најпознатиот меѓународен европски фестивал за деца. Како и секоја година така и оваа Македонија имаше свој претставник. Со песната „Дома”, 13-годишната Марија Спасовска од Скопје,  ја претстави Македонија на детската „Евровизија 2018″, на 25 ноември во Минск, Белорусија. Спасовска се пласираше на 12-то место со освоени 99 бодови.

Песната испраќа хумана порака до сите деца во светот, со музика и аранжман на Дарко Димитров, текстот е на Елена Ристеска и Дарко Димитров.

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Има дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на „Славјански Базар“.

To Top