“Ми беа потребни четири години да научам да цртам како Рафаел, а цел живот за да цртам како дете”-Пикасо.

Уметниците се големи деца, а секое дете е уметник. Кој друг би можел да ги разбере цитатите на големите уметници ако не децата

Сигурно сте слушнале за познатиот сликар Пикасо. За неговите уметнички дела и сликарски правци ќе оставиме да прочитате од учебниците за ликовно образование. Тука со вас ќе ги споделиме неговите најпознати  цитати.

1.“Добрите уметници копираат, одличните крадат”.

2.“Главниот непријател на креативноста е “доброто” чувство”.

3.“Ми беа потребни четири години да научам да цртам како Рафаел, а цел живот за да цртам како дете”.

4.“Треба да имате идеја за она што сакате да го направите, но тоа треба да биде нејасна идеја”.

5.“Се што може да замислите е реално”.

6.“Потребно е многу долго време за да се постане млад”.

7.“Сите деца се уметници. Проблемот е да се остане уметник додека се расте”.

8.“Целта на уметноста е да ја избрише прашината на секојдневниот живот од нашите души”.

9.“Дајте ми музеј и ќе го пополнам”.

10.“Компјутерите се бескорисни, тие можат да ви дадат само одговори”.

11.Мајка ми ми рече: “Ако си војник, ќе станеш генерал. Ако си монах, ќе станеш папа”. Наместо тоа, јас бев сликар, и станав Пикасо.

To Top