Може ли Ботас да го загрози Хамилтон?

Од Бојан Божиловиќ

На последната трка,за големата награда на Русија,Валтери Ботас успеа да ја оствари својата 9та победа во Ф1 и со тоа се израмни со Ферстапен.Финскиот пилот имаше добра трка и добра брзина во текот на сите 53 круга,за што е потврда и земањето на додатниот поен за најбрз круг.Од друга страна многу му помогна казната од 10 секунди на Хамилтон,бидејќи иако финецот нападна уште од самиот старт се чини дека немаше да дојде во позиција да се бори за првото место доколку Хамилтон не го добиеше тој пенал,кој го одработи во боксот и после тоа веќе немаше можност да го нападне ни Ферстапен,а уште помалку Ботас кој беше далеку напред.
Валтери оваа но и претходните сезони доживува многу критики поради неговиот начин на возење односно улогата која ја има прифатено да биде класичен втор возач и да биде грб на Хамилтон што е сосема разбирливо бидејќи тоа ја одзема целата неизвесност на сезоната,особено оваа година кога и Ред Бул и Ферари се далеку од голема конкуренција на Мерцедес.Може само да се замисли колку поинтересни и возбудливи ќе беа претходните сезони доколку Ботас со болидот кој има можност да го вози се бореше за победа во сите трки,но вината сигурно не е само кај него,односно откако Розберг го напушти тимот,Мерцедес веројатно сакаа промена во својот тим со што не би продолжило ново ривалство какво што имаше помеѓу Розберг и Хамилтон.Но од друга страна е и тешко да му се забележи за неговата одлука,бидејќи доколку го одбиеше тоа веројатно ќе требаше да го напушти и тимот со што ќе се доведеше во позиција да вози многу побавен болид,бидејќи тешко е да се замисли дека ќе беше дел од Ред Бул или Ферари,а со тоа и далеку од подиум.На овој начин можеби ќе го чека моментот Хамилтон да го напушти тимот или па и додека британецот е во Мерцедес,Ботас ќе се обиде да се бори со него и да вози за сопствен успех.Во контекст на ова беше еден од највпечатливите моменти од викендот во Сочи,кога Ботас по завршувањето на трката упати порака до сите свои критичари.Со ова веќе изгледа дека финскиот пилот почнува да го менува својот пристап и да покажува желба за победа,а со седум преостанати трки на календарот ќе има можност тоа и да го докажи.Кога станува збор за самиот шампионат,Ботас моментално заостанува со 44 поени зад Хамилтон и со седум трки до крајот на сезоната математички има можност да ја загрози титулата на Луис,но тоа би било неверојатно тешка задача и голема сензација.Сепак доколку Ботас навистина го промени својот однос и почне да вози исклучиво за себе,следната сезона може да биде многу повозбудлива,а со тоа финскиот возач ќе се ослободи од критиките,а сигурно и дека ќе ја зголеми својата фан база.
To Top