Моцарт

Од Бојан Божиловиќ

Вофлганг Амадеус Моцарт (полно име – Јоханес Крисостомус Волфгангус Теофилус Моцарт) е роден на 27 Јануари 1756 во Салзбург.Моцарт беше композитор, пијанист и еден од највлијателните и најзначајни композитори во класичната музика.Тој на 5 годишна возраст ги напишал своите први композиции.Има создадено повеќе од 600 дела и тоа во повеќе жанрови, симфонија, камерна музика, оперска и хорска композиција и др.

Моцарт бил најмладиот син на Леополд Моцарт и Ана Марија Пертл.Тие имале седум деца но пет починале во детството.Моцарт е роден и го поминал своето детство во улицата Getreidegasse , број 9 во Салзбург.Неговиот татко бил еден од водечките европски учители на музика и работел за принцот на Салзбург.Во детството на Моцарт, негов единствен учител бил неговиот татко.Леополд ги учел Моцарт и неговата постара сестра Мариа Ана Моцарт.Го научил Моцарт да свири клавир и виолина но тој напредувал и повеќе од тоа што бил учен.Своите први композиции Моцарт ги напишал на свои 5 години,а неговиот татко престанал да компонира откако талентот на неговиот син станал евидентен.

Леополд сватил дека може многу да заработи доколку го претставува својот син низ европските дворови како чудо од дете.Сестрата на Моцарт, Марија Ана, била вешта пијанистка и често патувала со својот брат и својот татко на турнеите.Со текот на годините кога Моцарт се изградил како музичар, патувал неколку пати низ Европа, почнувајќи со концертот во 1762 во кралскиот двот во Минхен и во Виена.Долгата концертна турнеа со неговиот татко, го однела во кралските дворови во Минхен, Манхајм, Париз, Лондон, Хаг и Цирих.Откако се вратил со својот татко во 1773, Моцарт почнал да работи како кралски музичар кај принцот во Салзбург.Во тој период стекнал многу пријатели и обожаватели и добил можност да работи во повеќе жанрови и тоа, симфонија, соната, квартет за жичани инструменти, серенада и помали опери.Некои од овие дела сеуште се изведуваат.

Покрај своите умтенички успеси, Моцарт не бил задоволен со својот престој во Салзбург, една од овие причина највероватно била ниската плата, а друга е тоа што Моцарт сакал да составува опера, а во Салзбург ретко имал таква можност.Во Јануари 1781, операта на Моцарт, “Идоменео”, е изведена во Минхен.Следниот Март, тој бил побаран во Виена, каде што неговиот работодавец, надбискупот Колоредо, присуствувал на прославата на стапување на Јосиф Втори на австрискиот трон.Моцарт бил навреден поради тоа што надбискупот го третирал како слуга, поради ова но и поради тоа што му забранил да свири пред кралот кај грофицата Тун, за парична награда која бил половина од годишната плата во Салзбург, почнале расправија со надбискупот која кулминирала во Мај по што Моцарт побарал да си замине но тоа не му било дозволено но еден месец подоцна барањето му било дозволено но на многу навредувачки начин.По ова Моцарт одлучува да остане во Виена како слободен изведувач и композитор.Во овој период имал големи успеси и ги напишал некои од своите најпознати дела.

На 4 Август 1782 тој се оженил со Констанца Вебер, против волјата на својот татко.Со неа имал шест деца, од кои четири починале во детството (во тој период во Европа смртноста на малите деца била висока) а другите две деца никогаш не се ожениле и немале деца.                Животот на Моцарт бил полн со финансиски тешкотии и разни болести, често не бил платен за својата работа, а и малите пари кои ги добивал ги трошел на екстравагантен живот.

Едни од неговите најпознати дела се, Париска Симфонија, Симфонија Хафнер, Симфонија број 36, Симфонија број 40, Турски марш,Хајдн квартети, Свадбата на Фигаро, Мала ноќна музика, клавирските концерти, број 21, број 25 и број 26, виолиниските концерти, број 3 и број 5 и многу други.

To Top