Наградите за најлош актер беа причина за повлекувањето на Еди Марфи

Од Бојан Божиловиќ

Еден од најпопуларните актери во жанрот на комедија,човек кој што достигна огромна популарност во 80тите години и доминираше со своите перформанси на големото платно но и на сцената во stand up настапите.Токму во овој период беа создадени неговите најдобри филмови како “Coming to America”, “Beverly Hills Cop” и “Trading Places”.
Но со влегувањето во следната деценија започна и неговиот пад во кариерата,иако и во текот на 90тите имаше солидни филмски остварувања сепак тоа беше далеку од неговото “златно” време.Во овој период ја следеше и најмногу праксата на играње повеќе улоги во ист филм,нешто што започна уште во 1988.Но негативниот тек се продолжи со што неговата популарност се повеќе опаѓаше,а не успеа да создаде повторно ниту еден хит.Со самото тоа после 2000 година дојдоа и негативните одликувања односно наградите Razzie за најлош актер,кои ги доби на неколку наврати вклучувајќи ја и наградата за најлош актер на деценијата (2000-2010).Па самото тоа беше и пресудно да Марфи направи пауза во кариерата,за што зборуваше во вчерашното интервју на WTF подкастот.
Тој вели дека сватил дека прави лоши филмови и поради добиените Razzie награди решил да направи пауза од една година која што на крај се претворила во шест годишно паузирање од глумата и седење на кауч,како што вели во изјавата.Но желбата да не бидат тие лоши филмови последното нешто во неговата кариера го мотивирало да се врати повторно.
“Планот беше да го направам “Dolemite”, “Saturday Night Live”, “Coming 2 America”,а потоа и stand up и да видам како ќе се чувствувам потоа.Барем така ќе знаат дека сум (сеуште) смешен.”
И неговиот план се покажа добар односно во 2019 за биографската комедија “Dolemite Is My Name” доби високи отценки од критиката и фановите со што успеа да се врати и тоа со успешен проект,освен ова како што кажа и во својата изјава се појави и во “Coming 2 America”, филм кој не успеа да го достигне остварувањето на првиот дел од 88ма и добри различни реакции,но она што е важно за Марфи како и за неговите фанови дека легендарниот комичар се врати на сцена и веројатно ќе продолжи со нови проекти.
To Top