Надал шампион во Монтреал

Од Бојан Божиловиќ

Рафаел Надал со победа во два сета (6-3,6-0) против Медведев дојде до својата 5та титула во Канада.

Иако се очекуваше интересен и тврд натпревар Рафа ја почна својата доминација по првиот брејк,кога дојде до предност од 3-1 во гемови и кога практично заврши неизвесноста во мечот.Понатаму Медведев немаше одговор на одличната игра на Надал и до крајот на мечот доби само уште два гемови.Интересно е што и покрај ваквата доминација,Надал не направи ниту еден ас додека Медведев имаше пет.

И покрај овај несоодветен резултат за финале,Медведев одигра одличен турнир се до финалниот натпревар,елиминирајќи играчи како Качанов,Тим и Едмунд.Надал полуфиналниот натпревар не го одигра бидејќи Монфис се повлече поради повреда,а во четврт-финалето го доби Фонини со 2-1 во сетови.

Со оваа победа Надал дојде на втората позиција по освоени титули на Canadian Open (моментално под името Rogers Cup),претекнувајќи го Џоковиќ кој беше шампион четири пати.Надал сега ја дели втората позиција со Чарлс Смит Хајмен и е само на една титула до Иван Лендл кој со шест титули е најуспешен во историјата на овај турнир.

To Top