Научете да цртате лик од човек како вистински професионалци

Се вели дека секој успех е 10% талент 90% работа, дали вие се сложувате со тоа? Сигурно многу пати сте чуле на часовите по ликовно образование како некои ученици изјавуваат дека не поседуваат талент за цртање и не можат да одговорат на зададените задачи.

Децата обожаваат да цртат пејсажи, но цртањето на човек во цртежот или пак изработката на портрет знае да биде комплицирано дури и за оние ученици кои се сметаат себеси  талентирани за цртање.

Со видеото ќе научите како да нацртате човек. Во чекори ви се објаснува како да ги изработите посебните делови и тоа:  очи, коса, уста, нос. За неколку минути, следејќи ги чекорите вие можете да научите да цртате лик од човек како вистински професионалец.

Одкако ќе го погледнете видеото повторно поставете си го прашањето: Дали секој успех е 10% талент 90% работа?

To Top