Научниците изгласаа нова дефиниција за килограм

Килограмот нема повеќе да виде ,,килограм” …  Интересно, но и збунувачко. Не грижете се ако на прв поглед ви изгледа несфатливо, и на научниците со години им задаваше проблеми токму нелогичноста на поранешната дефиниција за килограм.

Претставници на повеќе од педесет земји на конференцијата во Версај, недалеку од француската престолнина Париз, едногласно ја усвоија новата дефиниција на килограмот.

Проблемот со ,,меѓународниот прототип на килограм” е што нема секогаш иста тежина. Затоа научниците решија ,, меѓународниот прототип на килограм” да го дефинираат врз основа на Планковата константа , една од клучните константи , која го изразува односот во квантната физика меѓу енергијата и густината на честичките како што се фотоните.

Новата дефиниција е добиена со помош на апарат кој се нарекува ,,Киблеов механизам” , кој со помош на Планковата константа ја одредува масата на некој предмет , користејќи прецизно измерена електромагнетна сила.

Светски експерти за мерки на крајот дадоа зелено светло „електронскиот килограм“ да биде новата основа за единицата за масата. Иако поголемата прецизност ќе биде добра за научниците, за просечниот потрошувач кој купува продукти, како на пример брашно или банани, нема да има апсолутно никакви промени, истакнуваат научниците.

Не се грижете се килограм чоколадни бомбони останува килограм чоколадни бомбони.

To Top