НАЈВИСОКОТО ЖИВОТНО – ЖИРАФА

Жирафите се највисоките животни, благодарение на својот врат кој достигнува висина и од 2м. Неверојатно нели?

Дали знаевте дека…

  • Жирафите се преживари, тоа значи дека имаат повеќе од еден желудник. Поточно, имаат четири желудници, кои помагаат за варење на храната
  • Машката жирафа може да постигне тежина колку еден камионет, околу 1400кг.
  • Имаат најголемо срце од сите копнени животни, со тежина до 12кг и во една минута може да „пумпа“ 60 литри крв

  • Жирафите ќе ги најдете во Афричките савани, тревни површини или отворени шуми
  • Косата на опашката е 10пати погуста од човечката коса
  • Пегите на крзното од жирафата се добра камуфлажа за заштита од други животни грабливци. Кога стои жирафата покрај дрво и грмушки, нејзините пеги се соединуваат со сенките и сонцето.
  • Како и човечките впечатоци на прстите и снегулките, ниту една жирафа нема идентични пеги на телото
  • Жирафата може лесно да се препознае дали е мажјак или женка по косата на роговите. Женските рогови се помали и покриени со коса

 

 

  • Спијат од 10 минути до 2 часа дневно, значително помалку од луѓето и другите цицачи
  • Староста на жирафата може да се утврди по изгледот на пегите на кожата.Потемните пеги означуваат поголема старост
  • Најопасно време за жирафата е додека пие вода, тогаш не може да внимава дали некој грабливо животно му се приближува
  • Машките жирафи се борат со своите вратови кога бранат територија или своето семејство
  • Женките ги раѓаат бебињата жирафи стоејќи.Бебето жирафа паѓа од 2м висина, но не се повредува
  • Бебињата жирафи само по неколку часа почнуваат да одат сами на своите несигурни нозе
  • Жирафите имаат лилаво син јазик и покриен со ситни влакненца кои им помагаат при јадење на трнливи стебленца Акација (повеќегодишни дрвенести билки)
  • Јазикот им е долг 45см

  • Жирафата е единственото животно кое умее да плука
  • Дневно можат да изедат околу 30кг.храна и за тоа им треба од 16-20ч

To Top