Најнова играча на денешницата – автомовил на батерии кој вози 161 km/h

Како што технологија напредува, децата можеби нема да бидат единствените љубители на играчките. Замислете како вашите родители чекаат ред да си поиграат со вашите играчки… Не изгледа забавно зарем не? Технологијата на играчки толку напредува што таа навидум смешна  ситуација можеби ќе стане секојдневна реалност. Ако се уште не верувате ќе ви претставиме една така играчка.

Автомобилче на батерии кое се управува со далечински управувач може да постигне максимална брзина од за помалку од пет секунди. Вчудоневидени?

Автомобилчето Traxxas XO-1 е тешко само 4,5 килограми, со должина од 68,58 см, а претендира да стане омилената играчка на „големите деца“ ширум светот кои би имале каде да го возат. За дополнителна забава, автомобилчето има и сензори кои се оспособени да праќаат податоци до iPhone, со помош на апликација на која ќе се прикажува брзината, температурата на автомобилот, состојбата со батериите (кои се трошат за 15-тина минути) и други интересни податоци, додека „шоферот“ со далечински управувач ја управува својата мала играчка.

Можеби ќе следи време како децата ќе треба да ги сокриваат играчките од родителите. Што мислите вие?

To Top