Најсовремена библиотека во светот во која работат роботи

Библиотеката е трезор на богатство. Богатство кое нема цена и е достапно за секој заинтересиран читател. Да се има библиотека со 100 000 книги е како да се има мудрост од 100 000 животи.

Во чест на 101-годишнината од својата независност, Финска си поклони самата на себе, импозантна библиотека во главниот град Хелсинки. Огромната и најсовремената јавна библиотека наречена „Ооди“ која вредела 98 милиони евра во денарска противречност а бесцената во духовна вредност. Станува збор за огромна зграда од дрво и стакло. Нејзиниот модерен стил е примамлив за малите читатели кои ќе уживат во современата атмосфера и традиционалните пишувани книги на хартија.

Верувале или не, на полиците на библиотеката има над 100.000 книги. Но тоа не е се, во објектот има и студија за музичка и видеопродукција, кино и работилници со 3Д-печатачи и ласерски режачи, кои ќе бидат бесплатни за посетителите.

За да биде по интересно, и чекор пред  денешницата во неа ќе има роботи-библиотекари, кои преку мали вагони ќе ја земаат вратената книга и ќе ја однесат до соодветната полица, каде што библиотекар ќе ја врати на нејзиното место. Ова не е сценарио за научно фантатичен филм, ова е концепт на работа на новата библиотека.

Библиотеката дневно очекува околу 10.000 посетители, иако очекувањата изгледаат големи, напротив тие се многу реални бидејќи Финска, во 2016 година беше рангирана како најписмена земја во светот. Според официјалната статистика, во земјата со 5,5 милиони жители, годишно се позајмуваат 68 милиони книги.

„Ооди“ му дава ново, модерно значење на поимот библиотека. Таа e куќа на литературата, но исто така и куќа на технологијата, музиката… Таа е куќа која ветува иднина и подобро општество кое ќе биде градено од подобри луѓе кои со секое влегување во библиотеката ќе се надоградуваат себе си. Кога се гради библиотека се гради посветла иднина на луѓето кои радо би ја посетувале.

To Top