Најчести причини за појава на депресија кај тинејџерите

Емоциите на тинејџерите се комплексни. Бурата од хормони, промените во физичкиот изглед и желбата за поголема независност имаат силно влијание врз психичката состојба на младите. Депресијата многу почесто се појавува кај децата чии родители страдаат од оваа состојба, но таа најчесто е предизвикана од:

  1. Смрт на блиска личност;
  2. Нарушени односи во домот – постојани кавги, семејно насилство;
  3. Развод на родителите;
  4. Сексуално малтретирање;
  5. Финансиски проблеми, сиромаштија;
  6. Преселување во нов дом и промена на училиштето;
  7. Невозвратена љубов, раскинување;
  8. Разочарување или неуспех на училиште;
  9. Стрес поради промени во физичкиот изглед кој носи пубертетот;
  10. Лоши социјални вештини кои резултираат со изолираност од пријателите;
  11. Инвалидитет;
  12. Физички недостаток;
  13. Вербално или физичко малтретирање од соучениците.
To Top