Најчитаните книги во2018 година во Универзитетската библиотека во Битола

Книгите за деца во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најчитани во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола. Според податоците од Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, најбараните наслови меѓу младите читатели се: „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“ од Билјана С. Црвенковска, „Лесната принцеза“ од Џорџ Мекдоналд, „Кралот на златната река“ од Џон Раскин, „Тато, имаме приказна“ од Александар Таковски и Гала Таковски.

И на листата за најбарани книги меѓу повозрасните читатели во 2018 година во Универзитетската библиотека во Битола има книги во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за „Гордост и предрасуда“ од Џејн Остин, „Бебето на Бриџит Џонс“ од Хелен Филдинг и „Нултиот број“ од Умберто Еко.

Книгите од детската литература и книгите од литературата за тинејџери се достапни за нарачка на www.Literatura.mk и во книжарниците Литература.мк во Битола и Скопје.

To Top