Нетс во голем дуел со лидерот на Западната конференција

Од Бојан Божиловиќ

ЛА Клиперс во 1:30 по полноќ ќе се судрат со тимот на Нетс во 22от натпревар за тимот од Лос Анџелес оваа сезона.Ова треба да биде возбудлив меч кој ќе понуди добра кошарка бидејќи од една страна е лидерот на Западната конференција,а домаќинот има силен тим во кој освен Дурант и Ирвинг сега членува и Харден.
Клиперс влегуваат во овој меч со добра серија од три победи во низа,додека Нетс беа поразени на претходниот меч на нивното гостување во Вашингтон каде што загубија од Визардс во оној фантастичен натпревар од речиси 300 поени.
Доколку бидат поуспешни во Бруклин,Клиперс ќе ја остварат 17та победа и ќе ја задржат првата позиција,а Нетс,кои моментално се наоѓаат на трето место во Источната конференција,ќе се борат за 14та победа оваа сезона.
To Top