НИНЏА, НАЈПОПУЛАРНА ИНТЕРНЕТ ЅВЕЗДА

Најлесно заработени пари до сега!

Иако цифрите службено не се познати, Electronic Arts за промоција на играта  Apex Legends, на инфлуенсерите му исплати  големи хонорари, а најпопуларниот гејмер Нинџа, за неколку часа игра добил милион долари.

 

Интернетот, социјалните мрежи и видео платформите го променија начинот на кој денес ги перципираме славните луѓе и  ѕвезди на глобално ниво. За младите луѓе, не се популарни ѕвезди  актерите, спортистите или пејачите, за нив главни ѕвезди се инфлуенсерите кои објавуваат фотографии и видеозаписи на Instagram  и YouTube  и они кои пренесуваат видео игри по пат на Twitch.

Никој не би верувал до пред 10-15 години, дека млади деца, анонимни тинејџери, поминувајќи време со часови,  играјќи видео игри затворени во своите соби, ќе станат професионални Е спортисти и би заработувале од тоа. Ова звучи неверојатно, но  реално! Тие се ѕвезди на денешницата и  заработуваат милионски суми, за содржина која на постарите генерации и не им е многу јасна, ни интересна.

Играњето видео игри не е шега, станува збор за бизнис во кој се врти голема сума пари, а најпопуларните гејмери се глобални ѕвезди, за кои зборуваат и пишуват  највлијателните медиуми.

27 годишниот Тајлер Блевинс ( Tyler Blevins), познат како Нинџа, маркантен  по фризурата и честото менување на бојата, заработува  многу, играјќи на сервисот на  Twitch и спонзорите. Тој неодамна ги заработи до сега најлесно заработените милион долари.

За промовирање и неколку часа игра на Apex Legends, по нејзиното лансирање, Electronic Arts на најпопуларните инфлуенсери им исплати голема сума пари за промоција и стримање на Twitch, од кои најдобро помина Нинџа.

Нинџа на Twitch го следат повеќе од 13 милиони луѓе, кои секојдневно уживаат во преносот на неговата игра во живо. Голем дел од нив гледаа и додека ја играше  Apex Legends  и тоа најверојатно беше најдобрата реклама за оваа игра.

 

To Top