Новиот Бонд филм “No Time to Die” излегува на 3 Април 2020

Од Бојан Божиловиќ

No Time to Die на светско ниво премиерно ќе биде прикажан на 3ти Април наредната година,преку Universal Pictures International,додека во САД премиерата ќе биде пет дена подоцна.Првично беше планирано филмот да биде издаден на 8ми Ноември 2019,па потоа датумот беше променет за 14ти Февруари 2020,за на крај да биде закажан за 3ти Април.

Во улогата на агентот 007 повторно ќе биде Дениел Крег,кој по 5ти и највероватно последен пат ќе ја игра оваа улога.За филмот се враќаат и Бен Вишо, Наоми Херис,Ралф Финис,Рори Кинер и Џефри Рајт кој ги пропушти претходните два Бонд филмови,а сега ќе ја игра улогата на Феликс Лејтер.Некои од новите актери кои ќе бидат дел од No Time to Die се Рами Малик,познат по својата улога во Bohemian Rhapsody,потоа Лешена Линч од Captain Marvel,Били Магнусен од Aladdin,Ана де Армас од Blade Runner 2049,Дејвид Денсик од серијата Chernobyl и Дали Бенсала од серијата Nox.

Режисер на филмот е Кери Џоџи Фукунага кој на режисерското столче го замени Дени Бојл откако тој замина поради креативни несогласувања. Сценариото е напишано од Нил Парвис и Роберт Вејд,кои работеа речиси на сите сценарија за Бонд филмовите уште од 1999та,потоа Кери Џоџи Фукунага, Скот З. Барнс и Фиби Волер-Бриџ.Филмот е во продукција на EON Productions.Кога станува збор за музиката на филмот,сеуште ништо не е официјално објавено,но се спомнуваат некои имиња како Ед Шерен,Дуа Липа и Хери Стајлс.Знаејќи дека големи музички имиња претходно работеле на Бонд филмовите од што произлегле препознатливи и квалитетни theme songs,ќе биде интересно да се види кој музичар ќе ја пее песната за филмот и каков ќе биде резултатот од сето тоа.

Приказната во No Time to Die,го опфаќа мирниот живот на Џејмс Бонд во Јамајка,кој веќе не е во служба,се додека неговиот пријател Феликс Лејтер од ЦИА не дојде и не побара помош.Па така обидувајќи се да ослободи киднапиран научник,Бонд наоѓа трага од мистериозен негативец кој е вооружан со опасна нова технологија.

No Time to Die е сниман на повеќе локации во Лондон,Италија,Јамајка и Норвешка,а постојат информации дека се снимало и во Шкотска. Продукцијата на филмот е во Pinewood Studios во Обединетото Кралство. На снимањето имало и две незгоди,прво Дениел Крег добил повреда на глуждот по што пропуштил две недели од снимањето,а подоцна и член од екипата во Pinewood Studios добил мала повреда при една “контролирана  експлозија” на сцената.

Со самото тоа што овај Бонд филм највероватно ќе биде последен за Крег,а и со целата актерска екипа и сите оние кои работат на филмот од зад камерите,ова треба да е уште еден одличен филм за легендарниот 007.

To Top