Нови постери за Godzilla vs Kong

Од Бојан Божиловиќ

Новиот и долго очекуван филм, во кој ќе се судрат двете легендарни чудовишта од филмското платно, доаѓа со премиера на крајот од овој месец.Освен трејлерот кој за околу два месеци достигна над 60 милиони гледаност и беше одлично прифатен од публиката,се објавени и неколку атрактивни постери.Поточно пред два дена беа објавени два нови постери за големата пресметка на Годзила и Конг.
Филмот кој е во режија на Адам Вингард премиерно ќе биде низ кино салите прикажан на 31ви март,а исто така и на HBO стриминг сервисот.Во главните улоги се Мајли Боби Браун,Ребека Хол,Кајл Шендлер,Џулиан Денисон и Александар Скарсгорд.Приказната на филмот е продолжение од она што се случуваше во Godzilla: King of the Monsters и Kong: Skull Island.Иако режисерот изјави дека не сака премногу да се знае за самиот филм пред премиерата,со цел да има подобар ефект кај публиката односно сите моменти да бидат изненадување,со самото појавување на Годзила и Конг во ист филм и после одличниот трејлер,се очекува овој проект да биде спектакуларно и незаборавно искуство за фановите.Во продолжение и новите два постери.

Godzilla Vs. Kong Gets A Pair Of Awesome New Posters

Godzilla vs. Kong: New Posters Tease HBO Max Monster Face-Off

To Top