НОВИ ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО СВЕТОТ

Како другите земји се соочуваат со предизвикот повторно да се отворат училиштата под новите услови на работа

Поголем број на училишта во САД остануваат затворени до крајот на тековната учебна година, но се подготвуваат  за есен кога ќе треба да се отворат вратите за учениците повторно.

Во продолжение како некои од земјите се справуваат во училиштата во новите услови за работа

КИНА

Учениците носат маски, да се спречи ширење на нов корона вирус. Секој ученик поминува низ скенер, кој на екран ја покажува нивната телесна температура, при влез во средно училиште во градот Вухан, во централната кинеска провинција Хубеј

Постарите ученици неодамна се вратија на училиште , откако помина период без најава на нови заразени од коронавирус, поради кој беа  76 дена во карантин во овој 11 милионски град

ФРАНЦИЈА

Сините налепници покажуваат безбедно растојание од најмалку еден метар помеѓу учениците, на сликата е основно училиште Pierre Ronsard, во близина на Париз.

На под поставени се слики со упатства, на кои децата треба да се придржуваат.

За наставниците носењето на маска во текот на целиот час е задолжително

ГЕРМАНИЈА

По прекин од 6 седмици, наставата  продолжува за околу 110 000 во завршни одделенија.

На влез дезинфекција е задолжителна, како и држење дистанца и во училишните дворови.

МАДАГАСКАР

По прекин од еден месец , училиштата повторно се отворени. Учениците покрај маските, одржуваат адекватна дистанца, што подразбира сеење во клупа по еден ученик. Учениците пијат и мешавина на неколку билки, за кои веруваат дека ги штити од вирусот.

НОРВЕШКА

По 6 седмици се отворија училиштата и во Норвешка. Премиерката Erna Solberg им покажува на учениците нов начин на поздравување.

Учениците се поделени во групи и носат соодветна униформа.

ВИЕТНАМ

По 3 месеци онлајн настава, учениците се вратија во училишните клупи. Пред влез им се мери температура и задолжително се носи маска.

ДАНСКА

Данска е една од првите европски земји која ги отвори основните и средни  училишта, но клупите се  на растојание од приближно 2 метри, училишниот двор е одбележан, а учениците треба да одржуваат социјална дистанца.

Извор:  Education Week / Faktor

 

To Top