Нов производ на пазарот – Пробиотски јогурт на Бучен Козјак

Пиењето на Пробиотски јогурт, освен дигестивната рамнотежа, има позитивно влијание и на зајакнувањето на имунитетот, бидејќи 70 отсто од клетките на имунолошкиот систем се наоѓаат во стомакот. Влијае на расположението, го поттикнува  лачењето на серотонинот во стомакот. 

Компанијата Бучен Козјак го претстави својот најнов производ на 1 септември, под мотото „Енергично да влеземе во новата учебна година“, како покровители на детските трки ТРКА НА РАДОСТА 2019  во Битола и Скопје, тие им посакаа  на сите  првачиња успешно школство и да се хранат здраво!

Се прашувате ли, како се хранат децата и  што јадат за ужинка, за време на голем одмор?

Консумирањето на производи кои се збогатени со пробиотски култури имаат позитивно влијание на здравјето на консументите.  Здравите бактерии помагаат да се регулира дигестивниот тракт и одржуваат рамнотежа помеѓу здравите и штетните бактерии.

Редовното користење на Пробиотски јогурт влијае и на регулирањето на телесната тежина. 

 

Бучен Козјак е македонска компанија која има долгогодишна традиција на производство на висококвалитетни млечни производи подготвени на природен и традиционален начин. Добро познатиот асортиман  на квалитетни: кравјо, мешано и овчо сирење, кравјото и овчото кисело млеко, кравјото и овчото жолто сирење, јогуртот, ајранот и свежото млеко, сега е надополнет со уште еден внимателно подготвуван и планиран –  Пробиотскиот јогурт на Бучен Козјак.

Пробиотскиот јогурт е со масленост од 3,2 отсто и  достапен е во три пакувања, од 1 кг, 300 г и чашка од 180 г.

Препорака е секојдневно да се користи овој производ!

 

To Top