ОБУВКИТЕ „BALENCIAGA TRIPLE S“ ВЛЕГОА ВО ХОЛОТ НА СЛАВНИТЕ

Малку знаеме  за овие патики, кои изгледаат како „незграпни“ тренд патики. Недостигот на симетрија помеѓу горниот дел и ѓонот ги прави впечатливи. Никого не оставаат рамнодушен и што е најважно го променија модниот курс во последните три години.

 

 

 

Постои добро позната сцена од филмот  Јура Парк,  во која младиот Тим Марфи забележува како се тресе чашата со  вода, загрижен е  дека се приближува нешто големо, а  станува збор за крволочниот  тираносаурусот Рекс. Ова е пластично објаснување како влегоа овие извонредно големи колоритни патики во модниот свет.

Triple S на Balenciaga се  елегантно апсурдно парче дизајн, во зависност кого ќе го прашате и како е засегнат од овој модел, за кој се „кршеа новинарските пера“ од нивното појавување на модна писта , во јануари 2017 година.

“Triple-S” се создадени во соработка помеѓу двајца добри дизајнери Демна Гвасалија и Дејвид Турниер-Боациел,  што од самиот почеток ветуваше да прерасне во  „голема работа“

“S” во името  Triple S се однесува на ѓонот или основата. Со други зборови, овие обувки се составени од три слоеви „позајмени“ од обувки за трчање, кошаркарски обувки и обувки за патека. На овој начин се добива  платформа од 6,5см, со што Triple S има  уникатен изглед и име.

 

најбарана комбинација на бои

Како да ги носите овие обувки

Кога би станувало збор за регуларни патики, би ви советувале кратки чорапи „кои не се гледаат“, но кога станува збор за овие гломазни обувки , правилата се сосема поинакви

Тенки фит ногавици и голи глуждови се надвор од „менито“. Освен ако не сакате нозете да изгледаат слаби и кршливи, во однос на колосалните обувки на Баленсијага. Најдобро би било да инвестирате во неколку пара чорапи над глуждот, а во уличната мода е тренд ако се бели и има лого на нив.

Потоа, само влезете во еден -два броја поголеми пантолони кои ќе ги завртите во манжетни. Со ова, долниот дел од аутфитот  е решен.

 

Нагоре, одете на нешто големо за да одговара на чевлите. Дуксер би бил нашиот избор, едноставен или со лого на соодветен бренд. Завршете со облекување на јакна, палто,  како надополнување  на целата комбинација  ставете качкет и  торба која се носи преку рамо.

 

 

To Top