Одбележан светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќај

Во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола се одржа пригоден настан по повод Одбележување на светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, во организација на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, а под покровителство на Библиотеката.

Мотото и пораката која беше испратена оваа година е: „Улиците и патиштата имаат приказна“… Програмата беше збогатена со литературно читање од поетесата Елена Костадиновиќ, музички изведби на гитара од учениците при државното музичко училиште и тематска ликовна изложба – дело на вредните рачиња на учениците од општинските основни училишта Коле Канински, Гоце Делчев, и ликовната секција на ООУ.  Даме Груев под раководство на проф.Весна Дунимаглоска. На 9-те најуспешни ликовни творби им беа доделени дипломи и пригодни награди.

Сеќавањето на жртвите од сообраќајни незгоди заврши со испраќање на 20 црни балони кон височините заедно со учениците од УСЕ облечени во црни маички подарок од Здружението на моторциклисти Ѓорѓи Стефановски Битола.

Со овој настан како што посочи д-р Јасмина Буневска Талевска од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот, сакаме да испратиме апел до сите учесници во сообраќајот да покажат повисоко ниво на свесност, одговорност и будност во сообраќајот…..„за да патувањата имаат среќен крај“…

To Top