Онлајн периоден систем за полесно учење на хемија

Ако мака мачите со хемијата, и периодниот систем ви изгледа хаотично, тогаш овој алат  е токму за вас. Хемијата не е најомилената наука на учениците, но можеби конечно е направен еден интересен алат што ќе им биде одличен водич низ елементите од периодниот систем.

Овој интерактивен периоден систем е елегантно дизајниран и достапен бесплатно, а ги прикажува елементите на добро-структуриран начин. Периодниот систем исто така нуди податоци за електроните и јонизацијата на секој елемент.

Кога нема да напишете домашна задача по хемија, изговорот: ,,го загубив периодичниот систем”, нема да ви проаѓа.

To Top