После две децении Леб и Елена ја прекинаа соработката

Од Бојан Божиловиќ

Деветкратниот WRC шампион Себастиен Леб пред неколку дена објави дека ја прекина соработката со својот совозач,Даниел Елена.Откако француското дуо се повлече од WRC по крајот на 2020,замина на уште едно Дакар Рели,возејќи за Bahrain Raid Xtreme.По завршувањето на релито Дакар,Леб објави дека нивната соработка е завршена,откако после направените разговори и со тимот,одлучиле да направат промена,додавајќи дека не била лесна одлука после 23 години соработка.
Најуспешното WRC дуо,ја имаше својата прва трка во 1998 на Val d’Agout каде што ја остварија и првата победа,a подоцна следеше и доминацијата од 2004 во автомобилите на Citroen,каде што дојдоа до девет последователни шампионски титули.
To Top