После продолжение за водство во полуфинале

Од Бојан Божиловиќ

Екипата на Старс успеа во тврд меч да дојде до победа откако во продолжението Радулов погоди за 3-2.Откако го добија првиот полуфинален меч,играчите на Далас сега стигнаа до водство во серијата од 2-1 во натпревар во кој Голден Најтс беа поагресивни и на крај имаа 40 удари кон голот на Кудобин,кој повторно имаше добро издание и успеа да го заврши натпреварот со 95% одбрани.Во победничкиот тим се истакна и Бен кој погоди во третиот дел за водство од 2-1 и запиша асистенција во продолжението за победничкиот гол.
Голден Најтс и покрај офанзивната и многу чиста игра,го завршија мечот со само едно исклучување,не постигнаа трет гол за да дојдат до победа.Во третиот дел се играше повеќе на делот на Старс кои мораа да блокираат 10 удари,а голманот со 16 одбрани ги запре Најтс да дојдат до водство.Вреди да се спомне и големата шанса на Старс кои во последните 10 секунди го одзедоа пакот,а Бен не успеа да погоди во ситуација 1 на 1 со Ленер.Само после 31 секунда во продолжението, Радулов по добро изработена контра на Далас успеа да постигне гол за победа.Во тимот од Лас Вегас,Стоун запиша два бода,откако во третиот дел погоди за израмнување,а 9 минути претходно му асистираше на Теодор.Четвртиот меч од серијата се игра на 13ти.
To Top