Поучна приказна: Врзаните слонови

Човек поминува покрај слонови, одеднаш застанува и се чуди.  Збунет е од фактот дека  огромните животни биле задржани само со мало јаже врзано за нивната предна нога. Нема синџири, нема кафези. Очигледно е  дека слоновите можат, во секое време, да се ослободат од  врвката на нивната нога, но од некоја причина тие не го правеле тоа.

Виде еден тренер во близина и го праша:  зошто овие животни стојат таму и не прават обид да избегаат? “Па”, рече тренерот, “кога тие се многу мали, ние ги користиме истите јажиња за да ги врзуваме. И на таа возраст е доволно за да ги држиме. Како што растат, тие се условени да веруваат дека не можат да се отцепат. Тие веруваат дека јажето се уште може да ги држи, така што никогаш не се обидуваат да се ослободат. ”

Човекот остана зачуден. Овие животни можат во секое време да се ослободат од нивните јажиња, но бидејќи тие веруваа дека не можат, тие се заглавени токму таму каде што беа – заклучи човекот.

Како и кај слоновите,  многумина од нас минуваат низ животот верувајќи  дека не можеме да направиме нешто, едноставно затоа што претходно не сме успеавме? Неуспехот е дел од учењето; ние никогаш не треба да се откажеме од нашите цели.

To Top