Предлог хоби- Играчка на патувања

Дали имате играчка на која и е потребен одмор? Доколку се регистрирате на ToyVoyagers можете да ја испратите својата играчка на патување односно одмор насекаде во светот, со тоа што ќе и најдете домаќин. Можете и да се пријавите и самите да бидете домаќин на нечија играчка. Но не е само тоа! Можете на својата играчка да и додадете животни цели, како и да им кажете на идните домаќини што би сакала да прави вашата играчка за време на нејзината посета. Домаќините, како и сопствениците на играчката се грижат за профилот на играчката, додавајќи слики и информации од нејзините „искуства”.

To Top