Предлог хоби- Geocaching

Geocaching го бележи својот почеток на 3 Мај 2000 година, кога Дејв Улмер ги објавува координатите до кутијата во кој тој скрил бројни работи (книги, видеа, храна, пари), инспирирајќи нов вид на лов, еден што се одвива преку мапирање и следење на ГПС сигнали. Geocaching претставува рекреативна но можеби и малку авантуристичка активност во која целта е да се сокријат или пронајдат мали пакувања, наречени geocaches или caches на интернационално ниво, со помош на глобалниот навигациски сателитски систем. Пронајдените кутии се регистрирани на официјалната страна на geocaching .

Geocaches се всушност кутии кои што не пропуштаат вода и кои во себе содржат разновидни предмети коишто не секогаш имаат пазарна вредност – некогаш тоа се само предмети коишто им значат на луѓето кои ги оставаат зад себе.

Принципот на geocaching е дека кога ќе се најде cache, пронајдокот се регистрира на ливче во самата кутија, но и онлајн, а потоа по желба се зема нешто од внатре и се остава нешто друго како замена. Потоа кутијата се враќа на своето место за да може да биде најдена од други учесници.

Интересно е дека понекогаш во кутиите се наоѓаат листови наречени travel bugs или Geocoins, на кои сопственикот запишува некоја цел за предметот којшто го оставил во кутијата , како на пример патување далеку од „дома” или пак посетување на одредена земја.

To Top