Предлог хоби – Podfic

За да го објасниме терминот podfic мора прво да го објасниме терминот fan fiction. Fan fiction претставува пишан труд на некој обожавател, на пример на Хари Потер книгите, во кој писателот ги позајмува ликовите или позадината (приказната) за со нив да напише своја сопствена приказна.  Fan fiction се објавува на многу страници посветени на вакви дела но речиси никогаш не се објавува професионално, пред сè поради правата на оригиналните автори и писатели.

Podfic претставува аудио верзија на fan fiction, во која еден или повеќе обожаватели го читаат односно го раскажуваат (и вокално одглумуваат) тоа што се случува во приказната. Понекогаш авторите ги снимаат своите сопствени дела, но во повеќето случаи обожавателите на некој од трудовите на полето на fan fiction бараат дозвола за да направат podfic од тој труд.Podfic не претставува новитет во светот, ниту пак е нов поим за долгогодишните и упатените обожаватели.  Podfic прв пат се појавува во 1996 година, во базата на обожаватели на Xena,  во вид на снимени касети наречени audio fan fiction. Иако постојат снимени podfic во повеќе јазици, за сега најпопуларни остануваат тие снимени на Англиски, Шпански и Француски.

To Top