Предлог хоби- Postsecret

Ако сакате да го пополните слободното време, немате идеја за хоби, а притоа имате тајни кои не смеете да ги кажете никому и тоа додатно ве оптоварува, ова хоби е идеално за вас. Тоа е новото светско актуелно хоби Postsecret.

Што е Postsecret?

Postsecret претставува уметнички проект на светско ниво, кој се одвива на принципот на разменување на разгледници, со еден мал но многу важен додаток – тајната напишана на една или двете страни од разгледницата. Испраќачите на разгледницата остануваат анонимни иако нивните дизајни, заедно со нивните тајни, се објавуваат на страната на проектот.

Postsecret е извонредна идеја за сите оние коишто сакаат да се искажат и да ги споделат своите тајни, но и дизајни и уметнички способности со луѓе од целиот свет.

По сето ова со сигурност може да заклучиме дека светот и луѓето изобилуваат со извонредни идеи за тоа како да го минуваат своето слободно време на креативен, а можеби и корисен начин. Постојат уште голем број на интересни, дури и неверојатни хобија кои имаат потенцијал да станат популарни во светот. Останува да видиме дали некое од овие хобија ќе стане актуелно и во Македонија.

To Top